Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
„Голема Недела„ - село Јабланица 2014 година
26 септември 2014 год
Во пресрет на празникот „Голема Недела“, во Јабланица се извршуваат последните организациони подготовки.
Во текот на вчерашниот ден се изврши санирање на одредени делови на
патот кои што беа незначително оштетени од обилните врнежи од дожд во изминатиов период. На влезот се постави промотивна табла,
а во просторот околу столетните букови стебла се поставија десетина викенд маси.
Временската прогноза за Јабланица во наредниве денови оди во прилог на празникот, односно, се очекува сончево и суво но и релативно студено време.
Ги повикуваме сите верници, љубители на природата, излетници и луѓе со добра мисла, во недела 28.09.2014 год., да ни се придружат во прославувањето на овој наш голем Дримколски празник.
Поопширно за значењето на празникот „Голема Недела„ и неговото прославување може да прочитате ОВДЕ
28 септември 2014 год.
„Голема Недела “ во црквата Св. Илија - село Јабланица 2014 год.
Секој обид преку слики и зборови да се опише денешната атмосфера во манастирот Св. Илија, за време на празнувањето на празникот „Голема Недела“ претставува само попусто потрошено време. Сепак, за сите коишто од оправдани причини не беа во можност да присуствуваат на овој величествен настан ќе се обидеме преку неколку фотографии скромно да ја доловиме атмосферата од манастирската црква Св. Илија.
Голема благодарност до сите што денеска и физички и духовно беа со нас, се надеваме дека бевме добри домаќини и дека до следната година повторно ќе се видиме на истото место.
Исто така голема благодарност до оранизаторите од Горна Маала за прекрасната организација како и за кумовите на овогодинешниот празник, семејството на Душан Бизимоски.